| четврток, 6 декември 2018 |

Стои ли Пентагон зад хемискиот напад во Сирија?

pentagonДодека Сирија и натаму е во фокусот на вниманието, а сè поизвесна е воената интервенција за заштита на човековите права, дел од светските медиуми посочуваат на извадоци од пробиена пошта на полковник од американското разузнавање, дека хемискиот напад е дело на – Пентагон. Секако, се повикуваат на информации од интернет-форуми на кои доминираат антивоени теми.

Официјалната верзија во САД е дека Асад и Сирија треба да се казни поради користењето хемиско оружје против цивили.
Хакер доставил докази за вмешаност на американските разузнавачки служби во хемискиот напад во околина на Дамаск. Тој стигнал до коресподенција на полковникот на американската војска Антони Мекдоналд, кој бил задолжен за операции и за планирање во разузнавачката единица на американската армија. Притоа се објавуваат три слики од преписката:

mail3 mail2 mail1
Во пораките извесен Еуген Фурст му честита на полковникот за успешната операција посочувајќи му на напис во „Вашингтон пост“ за хемискиот напад во Сирија. Од комуникација на сопругата на Мекдоналд со пријателка очигледно е дека снимката на загинатите деца во хемискиот напад било сценарио на американската разузнувачка служба.

Ова, според дел од медиумите, е голем пресврт поткрепувајќи ги наводите дека хемискиот напад, навистина, бил операција „под туѓо знаме“, посочуваат западни медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top