| четврток, 6 декември 2018 |

Не му е до секс… И сега што…

seks ne sakaМажите не се секогаш расположени за водење љубов, исто како и кај жените, сексуалната желба зависи им од комбинацијата на физички и на психолошки фактори, кои се менуваат од ноќ до ноќ, од месец во месец, од година во година.

Доколку партнерот во последно време одбива да води љубов со вас, тоа не значи дека повеќе не ве сака и дека не му се допаѓате. Едноставно, некогаш и на мажите не им е до секс, што е сосема нормално, посебно ако се останати без работа или имаат проблем на работно место.
Стресот го убива машкото либидо, а проблемите настануваат кога жената има потреба од интензивен сексуален однос. Затоа жената станува незадоволна, и мисли дека повеќе не е пожелна, почнува да се обвинува себе и да го задушува својот сексуален нагон.

Ослободете се од предрасудите
Мажот не е секогаш расположен за водење љубов, исто како и жената, бидејќи сексуалната желба зависи од комбианција на физички и на психички фактори, кои се менуваат од ноќ во ноќ, од месец во месец и од година во година. Ако вас ве одбива само повремено, сметајте го тоа за нормално и немојте веднаш да донесуавте заклучок дека пронашол друга или дека сте му станале здодевни. Нормално е ако неговата сексуална желба се намалила ако сте во врска повеќе години, и тоа  прифатете го така. По првата фаза, која трае од шест до 12 месеци, сексуалната желба, исто и кај жените, го губи интензитетот.

Тој сака да биде убав
Ако мажот не е задоволен од својот физички изглед, тоа може да влијае на неговиот сексуален апетит. Освен тоа, лековите за настинка и антидепресивите, исто така, ја намалуваат желбата за секс. Доколку претпоставувате дека е тоа во прашање, предложете му да оди на лекар и да ја промени терапијата.

Откријте што му пречи
За да сфатите што се случува со вашиот партнер, анализрајте ги сите сегменти од неговиот живот. Доколу забележите дека не оди на работа и има други проблеми, бидете стрпливи. Сексот бара релаксираност. Ако тој е преокупиран со проблеми, неговото тело нема да биде подготвено за сексуален однос и затоа не донесувајте брзи заклучоци. Тоа што е тој индиферентен, не значи дека се изладил. Меѓутоа, ако сте сигурни дека вашиот партнер не е под голем стрес, проценте дали е многу уморен. Исцрпен човек нема сила ниту да стане од кревет, а не, пак, да води љубов. Сексуалната активност зависи од физичката активност, кондицијата. Освен тоа, сексуалната желба се намалува и поради болест, преголема телесна тежина, помала физичка активност, обилни оброци или претерано консумирање алкохол.

Прифатете ја разликата
Повеќето двојки по извесен период доаѓаат до заклучок дека немаат исти потреби. Ако вашата потреба од сексот е поголема од таа на партнерот, помирете се со тоа затоа што ништо не можете да промените. Размислете дали можете да ја прифатите ситуацијата таква каква што е, а ако не можете најубаво е да побарате друг партнер.

Машка главоболка
Кога не им е до водење љубов, жените често се оправдуваат со главоболка, додека некои мажи, исто така, добиваат мигренозни напади во текот на сексуалните односи. Резултатите од новите истажувања на германските доктори покажале дека мажите имаат трипати поголеми шанси од жените да добиат сексуална главоболка, која стручно се вика орагзмична цефалагија. Таа настанува како резултат на стеснување на крвните садови, што предизвикува остра болка непосредно пред оргазам. Таквите главоболки, за среќа, не се многу чести и можат да се избегнат со одложување на ејакулацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top