| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Го постигнавме посакуваното со условниот откуп на жито

dimovskiОбезбедување услови за откуп на домашната пченица, нејзино валоризирање во согласност со квалитетот, стабилизирање на пазарот со брашно и заштита на домашните производители беа клучните причини поради кои се донесе мерката за условен увоз, објасни ресорниот министер Љупчо Димовски. Мерката не беше насочена кон само една земја, туку кон сите држави производители на жито и воедно членки на ЦЕФТА.
– Изминатите два месеца успеавме да ги исполниме условите поради кои мерката беше донесена и врз основа на тоа одлучивме да ја укинеме – вели министерот.
Македонија увезе 250.000 тони пченица, од лани имаше 140.000 тони домашно жито и уште толку произведени се годинава. Тоа, како што посочи министерот Димовски, е огромна количина за толку мал пазар и токму од тие причини беше воведена заштитната мерка.
Министерот информира дека досега се откупени повеќе од 94 проценти од годинашната пченица по просечна цена од 11 до 12 денари за еден килограм. За прва класа откупувачите плаќале и по 15 денари.
– За жал, годинашната реколта бележи пораст во производството по единица површина, но квалитетот на родот е послаб. Сепак, просечната цена е повисока во однос на онаа во земјите традиционални производители на жито каде што достигна околу 9 денари за килограм – истакна министерот Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top