| четврток, 6 декември 2018 |

ЕК го продолжи рокот за спас на Хипо банка

хипо банкаЕК го продолжи рокот за продажба на Хипо банка во Хрватска до 2015 година, пишуваат австриските весници тврдејќи дека Виена постигнала компромис со Брисел за санацијата на концернот Хипо.

„Ди Пресе“ вели дека Брисел го прифатил планот за санација и дал зелено светло и за државна помош на австриската компанија. Минатата недела банката објави дека за половина година има нето-загуба од 859,8 милиони евра, за што им е потребна нова инјекција од државната каса.

ЕК го продолжила рокот за продажба на 250 нејзини филијали во Хрватска, Словенија, БиХ, Србија и во Црна Гора. Таа бараше гаснење на концернот уште оваа година, но австриската министерка за финансии Марија Фектер го предложи компромисното решение.

Тоа предвдува продажба на австриските филијали на индиски инвеститор до крај на годината, гаснење на филијалите во Италија и продолжување на рокот за продажба на филијалите во југоисточна Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top