„Отфрлен е случајот за уцена на амбасадорот“ е насловот во австралиските медиуми за судската разрешница на „експлозивната“ расправија меѓу ексамбасадорот Перо Стојановски и неговата (тогашна) љубена Лидија Думбалоска.
Тужбата за жената обвинета за обид за уцена на поранешниот амбасадор на Република Македонија по крајот на љубовната афера беше отфрлена од Врховниот суд.
Медиумите го опишуваат случајот во детали, па велат дека Думбалоска била обвинета во 2010 откако наводно упаднала во амбасадорскиот дом во Канбера од каде што украла лаптоп. Исто така, била обвинета за обид за уценување на амбасадорот за 150 илјади долари и 40 илјади евра за да му го врати лаптопот. Двојката, наведуваат медиумите, била во врска која се распаднала. Думбалоска се соочуваше со судење за упад, крадење и за уценување.
Но, судот го отфрли случајот откако ги преслуша новите докази со кои „се фрла сомнеж врз кредибилитетот на наводната жртва“.
Думбалоска, сепак, се соочува со тужба во Основниот суд, се наведува во австралиските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


