– Господ знае дали помагаат, ама сѐ повеќе луѓе бараат да ги купат семките од кајсии. И тоа не оние благите, туку токму овие горчливите за кои велат дека лекуваат главоболка, дури и рак, а служат и како превентива од малигни заболувања. Веќе искршив три клешти кршејќи ги семките – само лани продадов 68 килограми, преклани 40, а годинава 32 килограми семки. Некој купува по половина килограм, некој повеќе. Досега најмногу семки купи еден македонски политичар, кој пред две години ми зема дури осум килограми, рече дека мајка му била болна – раскажува Ј.Т, 49-годишен светиниколец за „Дневник“.
Тој не сакаше да зборува со име и презиме, а вели дека во последниве четири години, колку што активно се занимава со продавање семки од кајсии, сѐ повеќе луѓе се интересираат да ги купат.
Половина килограм исчистени семки чини 50 евра, а досега низ рацете на овој човек, кој е невработен, поминале над 150 килограми семки од кајсии. За да добие еден килограм семки, потребни му се од шест до 10 килограми кајсии.
Меѓутоа, Илчо Захариев, поранешен директор на Бирото за лекови предупредува: Никако да не се јадат горчливите семки од кајсиите!
– Семките од кајсија содржат витамин Б 17 – амигдалин, па затоа мора да се внимава и ако горчат, треба да се биде особено претпазлив зашто тоа е цијанидно соединение. Па, ако некој изеде над 30 семки на ден, може да биде предизвикано тешко труење, дури и смрт бидејќи токму овие цијанидни соединенија се врзуваат за хемоглобинот во крвта и така го блокираат кислородот, па може да настанат сериозни нарушувања во организмот, дури и токсични ефекти. Поради содржината на цијанидните соединенија што ги содржат овие семки, може да се случат и фатални последици бидејќи при консумирање повисоки дози од семките – над 30 на ден – може да настане и смрт поради цијанидот – тврди Захариев, кој е магистер по фармација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



