Портпарол на поранешниот американски претседател Џорџ Буш Постариот се извини откако по грешка испрати соопштение во кое семејството Буш изразува сочувство поради наводната смрт на Нелсон Мандела.
Џим Мекграт објасни дека подготвувал соопштение во кое Буш изразува жалење поради смртта на Мандела, и го објавил откако погрешно прочитал флеш-вест на „Вашингтон пост“ за тоа дека поранешниот претседател на Јужна Африка е отпуштен од болница. Мандела (95) вчера се врати во својот дом во Јоханесбург по тримесечна хоспитализација поради респираторна инфекција. Мекграт на „Твитер“ напиша дека грешката е негова, а не на семејството Буш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



