Фирмата „Патишта на Србија“ минатата година потрошила 870, а во 2013 година планира да потроши 450 милиони динари, односно околу 10 милиони евра за косење трева покрај сообраќајниците во Србија, објави денска „Блиц“.
Неименуван извор за белградскиот весник наведува дека косењето трева покрај патиштата може да чини само 200 милиони динари (околу 1,7 милиони евра).
„Блиц“ посочува дека косењето трева се одвива без никаков тендер и се плаќа „по фактура“, односно никој не контролира каде и колку е искосено или, пак, се случува да се плати косидба на делници каде околу патот има карпи.
Претседателот на Надзорниот одбор на „Патишта на Србија“, Милан Вујаниќ, истакна дека ќе побара објаснување како за косење трева се издвоиле 450, а за безбедност во сообраќајот само 50 милиони динари (436.700 евра).
Во Србија има околу 9.500 километри патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


