Од денеска не важи заштитната мерка за условен увоз на пченица. Владата ја укина по оценката дека пазарот е стабилизиран и се надминати сите предизвици кои може да предизвикаат нарушувања. Се очекува до средината на месецов да се укине и мерката за условен увоз на брашно од истите причини. Мерката беше воведена на 1 јули за да се заштити домашното производство и требаше да важи до 31 декември доколку претходно не се создадат услови за нејзино укинување. Предвидуваше за килограм увезена пченица да се откупат три килограми домашно жито, а за еден килограм увезено брашно четири килограми домашна пченица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прилепските земјоделци на протест: Домашната пченица скапува по амбарите, а државата откупува српска (видео)
-
Компании од Бразил добиле забрана за извоз на месо во Македонија поради небезбедно месо
-
Србија од утре воведува контрамерки кон Македонија поради отежнатниот увоз на брашно
-
АХВ: Одземена лиценцата за извоз на месо на бразилска компанија


