И додека голем дел од американските медиуми се обидуваат да ја оправдаат и да ја поддржат одлуката на Обама за напад на Сирија руски и дел од западните либерални медиуми објавуваат сторија во која новинарката Дејл Гавлек која работи како дописник од Блискиот исток за Асошиејтед прес во текст за минт прес њуз тврди дека не режимот на Асад туку бунтовниците стојат зад хемискиот напад во Дамаск.
Изворите на Гавлек тврдат дека нападот бил последица на несреќен случај и нивната слаба обука да го користат оружјето што го поседуваат. По десетици интервјуа со медицински кадар, локални жители и членови на сириската опозиција Гавлек тврди дека буновниците употребиле хемиско оружје добиено од Саудиска Арабија.
Според Гавлек бунтовниците тврделе дека се работи за несреќен случај кој се случил затао што тие не знаеле како да ракуваат со добиеното оружје.
Сторијата на Гавлек се разбира не ја пренесуваат моќните американски медиумски компании. Резултатите од истрагата на Обединетите нации треба да бидат објавени за десетина дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



