Новите возови ќе бидат во функција до 2014, тендерот е објавен, договорот треба да се потпише, а по 12 месеци патничките вагони би требало да пристигнат, посочи премиерот Никола Груевски
– Се работи за инвестиција која е околу 25 милиони евра која е веќе започната. Објавен е тендерот, а очекуваме тој договор да се склучи некаде во декември, додаде Груевски.
Тој потсети дека се работи за набавка на вкупно шест гарнитури на вагони, од кои четири се дизел и две електрични гарнитури вагони, кои вкупно собираат 1.200 патници. Патничките вагони би требало да пристигнат 12 месеци по потпишувањето на договорот односно при крајот на 2014 година. Досега дури 35 години не се инвестирало во набавка на нови вагони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


