| четврток, 6 декември 2018 |

Србија купува авиони МИГ-35?

Mig-35

Дали Србија купува нови руски воени авиони, прашуваат црногорските весници по изјавата на генералниот директор на „МиГ“ Сергеј Коротков. –Доколку Србија се одлучи за набавка, Русија е подготвена да и го продаде најновиот авион МИГ 35 по иста цена како и за руската армија, односно- по фабричка цена, вели тој за весникот Политика.

-Да како за Русија, така и за Србија, потврдил за весникот, додавајќи дека за овој модел се чека 2 години, бидејќи се работи за најнова технологија. Цената сепак зависи од нивото на посакуваната опрема. Всушност, додава нема голема разлика од МИГ29М/М2 и МИГ 35, па по завршувањето на изложбата „Макс 2013“ ќе се престане со употребата на ознаката 29 и сите авиони ќе бидат нарекувани Миг 35.

Во меѓувреме погледнете ги акробациите со МИГ -29 за време на саемот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top