| четврток, 6 декември 2018 |

Сирија за Обама: „Почеток на историско американско отстапување“

z-syria-obama41Сириската опозиција е разочарана од одлуката на Обама да побара одобрение од Конгресот за воените удари врз сириската армија, изјави Самир Нашар, претставник на раководството на сириската национална опозициска коалиција.
– Опозицијата се надева дека Конгресот ќе ја одобри воената интервенција во земјата, потенцираше Нашар.
Истовремено, сирискиот државен весник „Ал Саура“ ја оцени одлуката на Обама за одобрение од Конгресот, за почеток на историско американско отстапување.
Весникот посочува дека однесувањето на Обама е мотивирано од тоа што тој останал без сојузници за таков напад, а и поради тоа што чувствувал дека му претстои неуспех.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top