Евростат објави податоци и листи за бројот на побарувањата и одобрувањата на азил, каде стои дека најмногу барања за азил има од Русија и од Сирија. Меѓу 30-те земји од каде има најмногу барања Македонија е на 22 место. Поднесени биле 1.335 барања за азил од македонски граѓани во сите земји од Европската унија, а биле прифатени само 25 барања. Земји од регионот кои се најдоа пред Македонија на овај список се Косово и Србија со по над 3.300 баратели за азил, Албанија со над 2.200 и Турција со 1.660 апликанти.
Земји од регионот кои се најдоа пред Македонија на овај список се Косово и Србија со по над 3.300 баратели за азил, Албанија со над 2.200 и Турција со 1.660 апликанти.
На врвот, како што се посочува во најновата анализа на Еуростат, одделот за статистика на Европската унија, е Русија.
Во првиот квартал од годинава, над 8.400 Руси, половина од нив под 18 години, аплицирале да добијат статус на бегалец во некоја земја од Европската унија. Тоа е за 4 илјади повеќе од лани.
По Русите, со 8.400 барања следуваат Сиријците кои бегаат од граѓанската војна. Бројот на Сиријците кои сакаат да живеат во Европската унија се зголеми за 6 илјади во споредба со истиот период лани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


