Антивоени протести против евентуален американски напад на Сирија беа одржани во неколку градови во светот, додека во Хјустон беше одржан и контра-протест.
Стотина луѓе се собраа на спротивните страни на една улица за да ги искажат спротивставените ставови – за и против можната американска воена акција во Сирија.
Противниците на нападот беа нешто побројни и носеа транспаренти со натписи „Не ја сакаме војната на Обама“ и „Рацете подалеку од Сирија“.
Демонстрации против војната се одржуваа и во Вашингтон, пред Белата куќа, додека претседателот Барак Обама изјавуваше дека се залага за воена интервенција во Сирија, но оти за тоа ќе го праша и Конгресот.
Во Лондон околу илјада лица протестираа, носејќи сириски знамиња. Тие ја поздравија одлуката на британскиот Парламент нивната земја да не учествува во нападот.
Околу 700 противници на војната учествуваа на демонстрациите во Франкфурт, соопшти германската полиција.
Протест против војната одржан е во Аман, каде демонстрантите се собраа пред американската амбасада, оценувајќи дека нападот врз Сирија ќе претставува „агресија на целиот арапски свет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени