| четврток, 6 декември 2018 |

Шалке ги развиори македонските знамиња

600x398xsalke.jpg.pagespeed.ic.-O1Jb9ANu4Навивачите на Шалке во соработка со македонски иселеници во Германија вчера на Фелтин арената уште еднаш ја покажаа својата љубов кон нашата земја, објави Спортклуб.мк
На натпреварот против Баер во рамките на четвртото коло од Бундес-лигата, стадионот во Гелзенкирхен беше преплавен со македонски знамиња. Меѓу другото, фановите на Шалке со тоа покажаа и што мислат за истрагата што УЕФА ја почна против нивниот клуб за инцидентите на мечот со ПАОК одигран пред две недели во квалификациите за Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top