| четврток, 6 декември 2018 |

Патарините- тесни грла на Александар Македонски

patariniПатарините на автопатот Александар Македонски две вечери се „тесни грла“.  Колона долга три километри се создаде на патарината Отовица, кај Велес. Три часа чекање било потребно да се мине патарината Стоби кај Градско. Бранот автомобили на туристи, почнал да доаѓа околу 18 часот, а хаосот траел се до полноќ.

Според кажувањата на патарината Стоби кај Градско работела само една кабина за патниците кои патувале од Скопје кон Гевгелија, додека останатите биле ставени во функција да ги опслужат возилата во спротивна насока кон Табановци. Тоа го забрзало протокот, но сепак се чекало по половина час.

Најголем број на возила се од Турција, ја минуваат транзит Македонија и патуваат кон западно европските земји. Поради гужвата што вчера се создала во Бугарија најверојатно тие го смениле правецот и патуваат преку Македонија.

Патарините на автопатот Александар Македонски две вечери се „тесни грла“.  Колона долга три километри се создаде на патарината Отовица, кај Велес. Три часа чекање било потребно да се мине патарината Стоби кај Градско. Бранот автомобили на туристи, почнал да доаѓа околу 18 часот, а хаосот траел се до полноќ.

Според кажувањата на патарината Стоби кај Градско работела само една кабина за патниците кои патувале од Скопје кон Гевгелија, додека останатите биле ставени во функција да ги опслужат возилата во спротивна насока кон Табановци. Тоа го забрзало протокот, но сепак се чекало по половина час.

Најголем број на возила се од Турција, ја минуваат транзит Македонија и патуваат кон западно европските земји. Поради гужвата што вчера се создала во Бугарија најверојатно тие го смениле правецот и патуваат преку Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top