Бугарските портали во детали ја опишуваат тепачката меѓу Албански студенти од Американскиот универзитет во Бугарија со Бугари пред дискотека.
Студентите, во три часот по полноќ, тргнале кон дискотеката во Младинскиот дом во Благоевград. По кратка расправија тие почнале да се тепаат со луѓето кои биле присутни пред дискотеката. Во пресметката биле повредени тројца албански студенти. Тие со автомобил со албански регистарски таблички пристигнале во Итна помош. Двајца од нив биле браќа, а третиот е нивен пријател. Биле голи до половината, а еден имал потешки повреди на главата и брадата. Додека траела лекарската интервенција врз него во медицинскиот центар пристигнуваат и тројца Бугари.Едниот од нив имал хематом на окото и напукната аркада. Двајцата Албанци се сокриле во тоалетот.
Лекарот ја санирал повредата на Албанецот и почнал со прегледот на окото на повредениот Бугарин. Во тој момент пристигнува и четвртиот студент од Албанија. Влегува директно во собата за интервенции, без чекање го нападнал со тупаница пријателот што го придружувал повредениот Бугарин. На Бугаринот му потекла крв од носот. Двајца од обезбедувањето на амбулантата се обидуваат да ги разделат тепачите, а еден од обезбедувањето го вклучува алармот. Тепачката меѓу двете групи продолжува пред објектот. Набргу пристигнала и полицијата, пренесуваат бугарските портали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.