| четврток, 6 декември 2018 |

Погледнете како влијае стресот врз човекот (Видео)

stress1Современото живеење најчесто се опишува како исполнето со стресни ситуации кои секако влијаат врз функционирањето на луѓето. Ако нема повремено опуштање од стресот, или ако пречесто сте во стресни ситуации, тогаш стресот може да прерасне во хроничен.

Хроничниот стрес не влијае само врз физиолошки имунолошки систем, туку и врз менталното здравје, порачуваат докторите преку ова кусо видео. така, последица се намалена или губење на концентрацијата, меморијата, креативноста и решителноста.

Затоа при стрес, докторите ги препорачуваат физичките вежби и правилното рамномерно дишење со што концентрацијата и креативноста први се враќаат во највисок степен. Со тоа се враќаат и меморијата и решителноста.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top