Би било одлично да се има натприродна интелигенција. На пример да можете да влезете во соба како Шерлок Холмс и да им покажете на сите дека вашиот мозок работи двапати брзо во споредба со другите. За жал, не можеме да ве претвориме во гениј, но можеме да ви покажеме неколку трикови со кои сите ќе мислат дека сте гениј.
Мет Дејмон во филмот “Good Will Hunting” ги прелистув брзо страниците на многу книги седејќи сам во неговиот стан. За оние кои навистина знаат брзо да прочитаат се вели дека тие се многу интелигентни. Но, тоа е техника која воопшто не е тешко да се научи.
Сите оние кои можат да читаат, и имаат способност да го забрзаат читањето. Имено, 30 проценти од времето кое го минуваме читајќи, се издвојува на повторно читање на текстот, а причина е што нашите очи го губат фокусот. Свесни или не, читајчи си ги кауваме зборовите во глава, па си ја раскажуваме приказната на себе. Затоа, е всушност нашето “нормално читање” многу бавно. Ако ја исклучите приказната која си ја кажувате во мислите, вашите очи можат да летаат врз текст 300 пати побрзо! Се’ што треба да направите е со молив да го придружувате текстот за вашите очи да не ви “бегаат” и поставите стоперка за да се ограничи времето во кое мора да прочитате (да почеток) една страница на книга. Со редовна пракса наскоро ќе бидете во можност да ги воодушевите вашите пријатели и колеги колку брзо читате и се сеќавате на се’ што ќе прочитате.
Решавање на Рубиконова коцка:
Рубиконовата коцка стана сензација во осумдесеттите години. Таа се идентификуваше и како врвен тест за генијалност. Многумина оваа играчка ги доведе до работ на лудило оти со саати ги вртеа делови, но не беа ни блиску до решение. Тоа не е изненадување, бидејќи коцката има 43.252.003.274.489.856.000 решенија и повеќе. Сепак, да се дојде до точното решение не треба да имате натприродна моќ, туку само способност за помнење. Она што е најважно е да го решите белиот крст, а потоа ќе биде полесно. А во детели е објаснето и на официјалната веб страница на Рубиконовата коцка.
Пресметување сложени математички задачи на памет:

Спомнатиот од „Will Hunting“ знаеше дека е невозможно да се пресметаат математичките проблеми со леснотија. Но, чувство на математички гениј може да се остави и на другите, дури и ако не сте математички гениј. Наједноставниот начин е да се запаметат 15 цифри на ПИ, што ќе звучи многу попаметно отколку само да каже „3,14″.
Еден од едноставните, но импресивен трикови е оној каде што треба да се множат големи броеви. Ако еден од нив е парен, до множење ќе дојдете лесно ако го делите парниот број на половина и го множете друг број со два.
На пример:
32 x 125 =?
16 x 250 = уште е тешко
8 x 500 = резултат на повидок
4 х 1000 = 4000
Значи, 32 x 125 = 4000
Веруваме дека сте запознаени со техниките на Шерлок Холмс, детективот кој е во состојба да ги скенира луѓе и настани со собирање на детали кои на крајот се ги склопува во неверојатно точни заклучоци. Тајната на ова лежи во способноста Фореров ефект, или нејасни извештаи за карактеристиките на голем број на луѓе, а повеќето луѓе мислат дека се специфични за нив. Поконкретно, ако зборувате за неговата личност, тој сам ќе ги “пополни дупките” само поради неговото его и е среќен што некој зборува за него. Доволно е да се каже нешто како: „Имаш потреба да им се допаднеш на луѓето и да ти се восхитуваат, но си доста критичен кон себе … Имаш некои недостатоци, но генерално ги компензираш со своите доблести. Имаш доста неискористен капацитет, и се уште не си го претворил во профит, но планираш да го сториш тоа. Понекогаш се прашуваш дали си донел добра одлука, или дали добро си постапил во некои ситуации. Но, се гордееш со фактот дека имаш свое мислење и што не прифаќаш туѓи заклучоци без доволно докази. Понекогаш си екстроверт и лесно се дружиш, но понекогаш ти си интровертен и резервиран. Имаш желба, а некои од нив се сосема нереални …“ Дали се препознавте?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст





