| четврток, 6 декември 2018 |

Џастин Тимберлејк прекина интервју за да се сретне со болно девојче

Џастин Тимберлејк покажа дека заслужува награда за своето пеење и играње, но со најновиот потег покажа дека треба да му се додели и награда за хуманост. Имено, поп пејачот го прекинал своето интервју за времето да го помине со девојче кое штотуку преживеачо операција на мозокот. Џастин се запознал со девојчето откако наишол на нејзината мајка кога одела на интервју. Пејачот разговарал со девојчето за својот настап на МТВ, за доделувањето на наградите а таа го нарекла новиот Мајкл Џексон, а Џастин и се заблагодарил на комплиментот. Се согласил да се фотографира со неа, но под услов таа да ја стави фотографијата на нејзиниот скринсејвер. Потоа продолжил со интервјуто, откако претходно ја прегрнал и и порачал да биде храбра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top