Кои Балканци поминуваат најмногу време во кафеана и трошат најмногу пари во кафана? Последните статистики велат дека Србите многу малку пари фрлаат во кафеани и ресторани, Пијат само кафе и сок. Фамилијарно ретко посетуваат угостителски објекти, а некои тоа го прават само еднаш или двапати годишно.
Според натписот во Дневни аваз во Србија по жител се троши во ресторани и хотели по 35 евра или вкупно 265 милиони евра годишно. Економистот Мирослав Здравковиќ вели дека годинава Србите за кафеански сметки платиле по 22 милиони евра месечно.
Според последните достапни информации од 2011 година Хрватите годишно за ресторани и хотели трошат 375 милиони евра или 87,4 евра по жител. Словенците трошат 577 милиони евра или 281 евро по жител. Од Босна и Херцеговина граѓаните просечно прават сметка од 27,2 евра, за разлика од нив Црногорците имаат подлабок џеб и издвојуваат 45,9 евра за ресторани.
Што е со Македонците. Македонија ја нема во овој список. Посетуваме ли ние кафеани и ресторани? Колкав дел од нашата месечна плата завршува во угостителските објекти? Овој одговор си го знае секој од нас. А зборуваат и секогаш полните локали, барем во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.