Европската комисија им даде рок на Хрватска и Словенија до средината на февруари да го решат спорот околу тоа чиј е Крањскиот колбас, односно која од овие две земји ќе може и понатаму да го произведува овој производ под познатото име.
Како што пишува „Пословни дневник“, ако двете земји не постигнат договор во дадениот рок, до крајот на мај, одлуката за тоа кој ќе престане со производството на Крањскиот колбас ќе ја донесе Брисел.
Словенија бара од Европската комисија заштитено географско потекло за Крањскиот колбас, но Хрватска, чија месна идустрија годишно произведува колбаси во вредност од околу 10,5 милиони евра, смета дека Брисел не би требало да го прифати барањето на Љубљана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



