Шеесет и двегодишниот електричар од Љубанци, Вачно П., загинал додека ја поправал електричната мрежа. Несреќата се случила влера во скопското село Бардовци на улица„19“, нешто после 17,30 часот кога Ванчо изведувал приватни електромонтерски поправки на воздушната електрична мрежа, за кои бил ангажиран од двајца жители на Бардовци со живеалиште на споменатата улица.
Околу 18,00 часот додека Ванчо бил качен на еден од дрвенте столбови на кои се поставени водовите од електричната мрежа и затегнувал еден вод, најверојатно од невнимание, допрел на другите водовои од електричната мрежа при што предизвикал електричен удар од кој истиот и починал. Гледаќи го тоа лицата кои го ангажирале, за истото веднаш повикале брза помош чија екипа дошла на местото на настанот, но на сега починатиот не можеле да му помогнат. Во меѓувреме за настанот известени биле и ЕВН – Скопје и БППЗ на град Скопје, чии екипи дошле на местото на настаноти сега починатиот го симнале од дрвениот електричен столб, а по симнувањето само била константирана смртта. По наредба на Истражен судија телото на покојниот е предадено во Институтот за судска медицина и криминалистика Скопје за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.