| четврток, 6 декември 2018 |

Сирија ги демантира обвиненијата на Џон Кери

372886_sirija-05_f

Сириското министерство за надворешни работи синоќа соопшти дека обвиненијата на американскиот државен секретар Џон Кери дека режимот употребил хемиско оружје се „лажни и неосновани“.

– Обвиненијата на Кери претставуваат очајнички обид да се оправда воениот удар врз Сирија, се наведува во соопштението на сириското Министерство за надворешни работи.
Кери во синоќешното обраќање до јавноста изјави дека САД поседуваат докази, од илјадници извори, за одговорноста на режимот на сирискиот диктатор Башар ал Асад во нападот со хемиско оружје во близината на Дамаск.
Според него, во нападот биле убиени вкупно 1.429 лица, од кои 426 деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top