| четврток, 6 декември 2018 |

Еден загинат, дваесет повредени во земјотрес во Кина

zemjotresСилен земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Кина при што еден човек загина, а 20 се повредени.

Локалните медиуми јавуваат дека 17 туристи останале заробени на автопат во областа Схангри-Ла, откако карпи се урнале врз нивниот автобус.

Земјотресот е регистриран во Јунан, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри. Кинескиот сеизмолошки центат соопшти дека по силниот земјотрес уследиле утше 12 послаби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top