-Изјавите што доаѓаат од Вашингтон за употреба на сила против Сирија се неприфатливи. Наместо извршување на одлуките од самитот на „осумката“ во Лох-Ирн, и следните договори, за доставување на деталниот извештај во Советот за безбедност од страна на експертите на ОН коишто го истражуваат случајот на моќна примена на хемиско оружје во Сирија, во отсуство на какви и да се докази слушнавме закани за напад врз Сирија – се наведува во коментарот на портпаролот на руската дипломатија Александар Лукашевич, што го цитира РИА Новости.
Рускиот гласноговорник потенцира дека дури и американските сојузници повикуваат на „пауза” и да се почека работната група на експертите на ОН да ја завршат својата работа, за да се добие објективна слика и да се определат натамошните чекори во сириската криза. На таков пристап повеќепати повика и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун.
-Секоја еднострана воена акција којашто ќе го заобиколи Советот за безбедност, па дури и да е ‘ограничена’, ќе претставува директно кршење на меѓународното право, ќе ги покопа шансите за политичко и дипломатско решение на конфликтот во Сирија, ќе придонесе за нов бран судири и жетви. Не може да се дозволи таков развој на настаните – додава Лукашевич.
Тимот меѓународни експерти предводени од шведскиот научник Аке Селстром вчера завршија со собирање на материјали од предградијата на сириската престолнина каде што наводно на 21 август бил извршен масивен напад со хемиско оружје, разговарале со жртви и ја посетија воената болница во Дамаск. Потоа ќе следува анализа којашто треба да ги потврди или да ги демантира тврдењата дека е користен нервен гас, по што резултатите од нивната работа ќе му бидат соопштени на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун кој од своја страна ќе го претстави извештајот пред претставниците на членките на Советот за безбедност.
Претходно портпаролот на генералниот секретар, Мартин Несирки, истакна дека експертите ќе можат да обезбедат само прелиминарен извештај. Точно да се заклучи, дали во Сирија е користено хемиско оружје, според него, ќе биде можно само по спроведените лабораториските анализи на материјалите што ги собрале истражителите на ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


