| четврток, 6 декември 2018 |

Отворен тренинг на македонската репрезентација – последна средба на фановите и кошаркарите пред Евробаскетот

lester

Kошаркарите денеска од 11:30 часот во салата „Борис Трајковски“ ќе одржат тренинг, а влезот во салата ќе биде дозволен за сите фанови на репрезентацијата кои ќе сакаат да им дадат поддршка пред заминувањето во Словенија.

Репрезентативците заминуваат во Јесенице во понеделник, а првиот натпревар го играме во среда против Црна Гора од 17.45 часот.

За повторување на големиот успех од Литванија ќе им биде значајна и големата поддршка од македонската фаланга, па затоа е потребно салата Борис Трајковски денеска да прими што е можно поголем број фанови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top