| четврток, 6 декември 2018 |

Обама заморен од војни „но, некој мора“

Obama-Syria-WHITE-HOUSE-MEETINGАмериканскиот претседател Барак Обама призна дека е заморен од војни. Коментирајќи ја можната реакција на употребата за хемиско оружје вСирија, рече дека чувствува замор од војните, како и многумина.

-Постои одреден замор, имајќи го предвид Авганистан. Има извесни сомневања во однос на воените операции по Ирак. И јас тоа многу добро го разбирам, вели Обама пред новинарите.

Истовремено, според американскиот претседател, неопходно е да се испрати сигнал до оние коишто користат во повеќето земји забранети оружја против цивилите, вклучително и деца.

-Многумина сметаат дека нешто треба да се стори, но никој не сака тоа да го направи, рекол Обама.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top