Селекторот на Србија Душан Дуда Ивковиќ објави дека ќе се повлече од кормилото по завршувањето на Европското првенство во Словенија, што ќе се игра од 4. до 22. септември.
„Да бидам искрен јас се уште сум селектор на Србија затоа што немаше кој друг. Јас постапив чесно и понудив некој друг да ме замени. Реков уште во 1995 година дека ми е доста, но секогаш доаѓав да помогнам. Доста ми е и по ЕП се повлекувам“, изјави Ивковиќ за српските медиуми.
Се шпекулира дека еден од најтрофејните кошаркарски тренери во Европа ќе добие достојна замена во Саша Обрадовиќ, кој е тренер во гернманскиот клуб Алба. Од оваа сезона член на Бундеслигашот е нашиот репрезентативец Дамјан Стојановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


