| четврток, 6 декември 2018 |

Врховниот судија на обвинителна клупа за киднапирање на внука си

aleksandra bosnjakovska

Екссудијата Александар Бошњаковски и неговиот син Стефан, кои станаа актуелни во медиумите по киднапирањето внуката, односно ќерката Александра, на 12 септември ќе седнат во Скопскиот кривичен суд како обинети. Пензионираниот Врховен сдуија и таткото на 6 годишната Александра ќе одговараат за незаконско одземање дете – јавува Сител.

По 3 месеци од донесувањето на извршната одлука со која Александра треба да се врати кај нејзината мајка, обвинителството конечно реагираше и побара кривична одговорност. До соочувањето со правадата во судница, Александра сепак останува кај дедото и таткото, а институциите на системот покажуваат немоќ да го спроведат законот и извршат судксата пресуда.

Каде е закочена постапката во која 6 годишното девојче е заложник, нема одговор ниту извршителот Драган Томиќ, ниту полицијата, ниту судот. Центарот за социјални работи се прогласува за ненадлежен.

Александра по втор пат се соочува со ризикот да ја загуби можноста да оди на училиште. Минатата година имала над 500 изостаноци, а семејството не ја донело ниту на полагање на класен испит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top