| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ и Дел Пјеро заедно по финалето на Австралијан опен

Двајцата шампиони го овековечиле моментот по победата на Ѓоковиќ

Ѓоковиќ и Дел Пјеро

Финалниот натпревар на Австралијан опен, во кој Новак Ѓоковиќ го порази Енди Мареј со 3;1 во сетови, а со тоа влезе во историјата како прв тенисер што триумфира три по ред мастери во Мелбурн, беше проследен од Алесандро Дел Пјеро.

Ѓоковиќ го загуби првиот сет, но ги доби наредните три со 7:6, 6:3 и 6:2. Сето ова од трибините го следеше легендарниот фудбалер на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро.

По натпреварот двајцата шампиони се фотографираа заедно. Италијанецот денес ја постави фотографијата на својот Фејсбук профил, со порака:
„Вчера по финалето со Новак Ѓоковиќ, победникот на Австралијан опен. Честитки, Ноле!”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top