Секс , само секс
Вистина е дека повеќето мажи размислуваат само за секс, но тврдењето дека водењето љубов им паѓа на памет на секои десет секунди нема многу врска со реалноста. Според истражувањето на американскиот Институт „Кинси“, кој се занимава со проучување на машко-женскиот однос, само 54 проценти од мажите размислуваат за секс секој ден, 43 проценти неколку пати неделно, а преостантите три проценти размислуваат за секс само еднаш месечно.
Освен тоа, мажите сакаат секс со жена што, навистина, им се допаѓа. Ним им е јасно дека по старсната ноќ мораат да се разбудат покрај личноста со која мора нормално да разговараат и со која би можеле да остварат стабилна и квалитетна врска.
Брак, грозна работа
Некои жени мислат дека мажите бегаат од сериозни врски како ѓаволот од крстот и дека од помислата за женење им замрзнува крвта. Тоа, секако, нема врска со вистината затоа што мажите покрај себе сакаат жена со која ќе можат да делат и добро и лошо. Иако созреваат малку подоцна од жените, тоа не значи дека не сакаат сериозна врска. Нивниот најчест проблем е стравот од неуспех. Тие се плашат дека ќе ја пронајдат погрешната жена, недостојна за брак, која ќе им „стави рогови“.
Солзите не се добри
Мажите не плачат бидејќи солзите се одраз на најтајните чувства, кои не би требало ни да ги има, а уште помалку да ги покажува. Тие, едноставно, треба да се контролираат, затоа што така ги научиле уште додека биле мали.Меѓутоа, тоа во практика и не е баш така. И мажите плачат, но тоа обично го прават кога се сами и многу ретко кажуваат за тоа. Нивните солзи течат далеку од очите на другите.
Мажите малтретираат
Поради вишокот тестостерон мажите важат за офанзивци од кои жените мораат да се бранат. Меѓутоа, понекогаш и жените и тоа како можат да бидат лути, агресивни и посесивни. И нивното психолошко малтретирање може да остави „модринки“, но такви што не се прикриваат со течна пудра.
Насилството не е привилегија на понежниот пол.
Опседнати со големи гради
Верувале или не, не се сите мажи опседнати со големи гради, а повеќето од нив на првиот состанок и не ги ни забележуваат. Истражувањата од Велика Британија покажуваат дека 25 проценти од мажите не можат да одолеат на големи гради, додека 75 проценти кај жените прво ги забележуваат лицето и рацете. Колку да ви звучи чудно, мажите повеќе ја ценат смислата за хумор и интелигенцијата. Освен тоа, исто истражувањето покажа дека големината на градите многу повеќе ги оптоварува жените.
Сакаат да контролираат
Изреката дека во куќата мора да се знае кој коси, а кој вода носи одамна излезе од мода. На повеќето мажи не им пречи ако жената ги побара да излезат или дури и ако таа ја плати пијачката. На некои дури и супер ќе им дојде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


