Од соништата можете многу да научите, а за вас ги откриваме најчестите сексуални сценарија. Место да се сомневате во своите морални принципи, овие соништа, всушност, ви откриваат длабоки психички состојби, мисли Шарон Гличерс Онелил, авторката на книгата „Краток водич за среќен брак“, која препорачува добро да размислите за соништата. Можете да откриете некој проблем или недостиг во вашиот емотивен живот.
Секс со шефот: Дали тој, навистина, ме привлекува?
Ако сонувате дека дискретно се бакнувате со претпоставениот во неговата канцеларија, не значи дека имате цел да бидете со него во интимен однос. Овој сон, всушност, значи дека сакате да бидете авторитативни во својот живот. Во вообичаените сништа припаѓа и тоа да имате секс со колегите. Иако во вистинскиот живот не би го ни посакале или, пак ,бакнале, ваквото доживување кажува дека таа личност има нешто на што вие му се восхитувате и нешто на што му завидувате.
Секс со поранешното момче: Дали грешам кога ќе речам никогаш повеќе?
Овој сон може да значи разнишување на емоциите кон некогашниот партнер, посебно ако не сте вие иницијаторите за прекинот. Нејчесто е некоја ретроспектива на врската. Поранешниот партнер се појавува тогаш кога новата врска добива рутина. Овој сон значи дека е време малку да ги поттикнете емоциите и сексуалниот живот со сегашниот парнер.
Секс со непознат: Дали сум, навистина, настрана?
Пред да отидете на психолог, разберете дека сонот во кој имате секс со непознат зборува за вас. Дали во брзо време сте направиле нешто што баралоод вас жртвување, храброст, упорност? – Секс со непознат е знак дека сте горди на досегашното постигнување, што, најверојатно, сте го направиле неодамна во својот живот. Но, ако странецот е Џорџ Клуни, испитајте како се пронаоѓате во карактерот на славниот актер.
Секс за осуда: Тој му е најдобар другар на мојот сопруг!
Никогаш не би го изневериле вашиот сопруг, а на списокот „никогаш не би го направила тоа“ е афера со неговиот најдобар другар. Но, сепак вакви соништа се случуваат. Причината е, можеби, некоја карактеристика што ја има неговиот другар, а вашиот сопруг ја нема. Можеби тој човек е добар во работи, во кои вашиот сопруг е невешт. Овој сон е добар за да поразговарате со вашиот сопруг да биде повнимателен кон вашите потреби.
Секс со личност од ист пол: Дали сум бисексуалка?
Лезбијските сонови не значат дека сте наклонети кон бисексуална врска, открива колку сте горди на својата женственост, на некое достигнување во врска со вас како жени. Неочекуавно, тие се многу почести во текот на бременоста. Овој сон кажува од што сте задоволни, а сексот ја симболизира потребата тој квалитет да го прифатите како дел од својата личност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


