| четврток, 6 декември 2018 |

Виртуелна љубов – предности и маани

Модерниот начин на живот доведе со недостаток на време, насоченост кон работата и дружбата во мал круг на пријатели, па барањето партнер преку интернет стана полесно. Дали преголемата насоченост кон работата е единствената причина за изборот на виртуелен свет за запознавање и дружење или тука има уште нешто

online-dating-3-650x0

Предности
Предноста на онлајн барање партнер е од високо ниво на физичка безбедност во фазата за основно запознавање, контактот со повеќе личности во исто време, добрата контрола на текот и брзината на комуникацијата како и размена на пораки. Освен тоа, тука е лесниот прекин на контактот, без непријатности кои често се појавуваат кај вистинските прекини. Можете да го дефинирате социјалниот профил на личноста која ја барате за партнер, со што вашата потрага добива прецизност и ефикасност. Достапни ви се голем бројот на потенцијални партнери, со кои можете да разговарате без обврска, додека вам сериозно не ве заинтересира.

Недостаток
Недостатокот е што всушност не знаете со кој сте во контакт, виртуелниот профил може да биде само имиџ, маска за потполно друга личност. Можете да изгубите многу време гледајќи надеж во личноста која што всушност и не постои. Бидејќи вистинската физичка средба е незаменлива. Исто така, вистинскиот контакт предизвикува возбудување кое во виртуелниот свет тоа е страно тело. Вистинската средба со други, е човечка потреба вградена во самите темели на нашата самобитност и неможе д а биде презаситена. Тоа исто кога би сме очекувале порно списанијата да го заменат сексуалниот однос. Тој вистински физички контакт може да биде само потврда на виртуелниот впечаток, но доаѓа и до поголеми или помали разочарувања.

Вистинскиот контакт
Додека некој нема исполнет и вистински социјален живот, може да се сврти кон виртуелната комуникација, виртуелните игри, дружење и виртуелните врски. А тоа е како магичен круг, затоа што тој виртуелен свет уште повеќе ве оттргнува од околината, партнерот, децата и пријателите. „Да живеете во својот свет“ е и онака метафора за душевно пореметување, така што постои можност помеѓу виртуелните контакти да пронајдете личности кои сетаму затоа што го изгубиле вистинскиот контакт со вистиските луѓе. Таа личност може одлично да плива во виртуелниот свет, но можно е да имате и проблеми со таа личност доколку се сретенете во вистинскиот свет. Затоа треба да бидете внимателни.

Мерка на внимание
Доколку вие барате онлајн партнер, би требало да се придружите на некој правец каде што престојот во виртуелниот свет би биле сигурен.
1.Задржете ја анонимноста. Во фазата на запознавањето не го откривајте вашето презиме, бројот на телефон, адреса и останатите важни податоци;
2.Барајте слика: ако некој на сака да ви даде слика, прекинете го допишувањето;
3.Разговарјте на телефон пред да се сретенте во живо:тонот и бојата на гласот,нагласокот и слично се важен елемент на комуникацијата која многу открива за личноста;
4.Ако договарате средба, нека биде на јавно место, во текот на денот, никако навечер. Дојдете со сопстевно возило и не дозволувајте на другата личност да ве носи дома. Ако забележите дека нешто не е во ред, слушајте се себе си.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top