| четврток, 6 декември 2018 |

Нов конкурс за сместување во студентските домови- слободни уште 3.106 места

pozar-vo-studentski-dom-gc-4

Министерството за образование денеска објави втор Конкурс за сместување во студентските домови за следната учебна година. Според конкурсот, слободни се 3.106 легла во десет домови низ Македонија. Право за конкурирање имаат студентите од втора и од повисоките студиски години, а конкурсот трае до до 6 септември.

Во првиот конкурс, комисијата ги прифатила апликациите на 2.147 студенти и толкав е бројот на пополнети места. Одбиените или не ги исполнувале условите, или немале целосна документација или дале неточни податоци за примања во семејството, што не се совпаѓале со тие од Управата за јавни приходи.

 – Детектирани се екстремни случаи каде студентот во електронската апликација навел дека нема никакви семејни примања, а УЈП констатира годишен прилив од речиси 6 милиони денари. Во друг случај апликантот не пријавил годишен приход од 1,4 милиони денари, во трет пријавил плата на родител од 15.000 денари, а документацијата вели 48.000 денари, изјави министерот Спиро Ристовски.

Ристовски ги повика студентите кои на првиот оглас  не доставиле документација или не во целост да аплицираат и на интернет-страницата www.smestuvanje.mon.gov.mk да ја преземат пријавата. Огласот важи и за тие што дале лажни податоци од кои, рече Ристовски, можеби некои го направиле тоа несвесно и без да очекуваат дека податоците се проверуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top