| четврток, 6 декември 2018 |

Невработеноста стагнира, но на врвот

Добрата вест е: Невработеноста во Европа не порасна. Лошата вест гласи: Таа и натаму е на рекордно ниво. Најмногу погодени се Грција и Шпанија, пишува Дојче Веле

mladinevraboteniКвотата на невработеност во еврозоната во јули стагнираше на рекордни 12,1 проценти. Во 17-те земји на еврото изминатиот месец повеќе од 19,2 милиони луѓе беа без работа, соопшти Евростат во Луксембург. Тоа се еден милион повеќе од пред една година. Квотата на невработеност во монетарната унија со месеци се наоѓа на рекордно ниво. Од април годинава се стабилизираше на 12,1 процент.

Најтешко погодени и натаму се јужноевропските кризни држави Грција и Шпанија, каде што, според последните расположливи податоци, без работа биле 27,6, односно 26,3 проценти. Двете земји, исто така, се најмногу погодени од невработеност меѓу младите – 63 и 56 проценти. На трето место е  Хрватска со 55 проценти. Во сите 28 земји во ЕУ повеќе од 5,5 милиони луѓе под 25 години се без работа.

Германија со 5,3 проценти спаѓа во земјите со најниска квота на невработеност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top