Mеѓународното здружение на екологистите „Гринпис“ соопшти дека облеката од многу познати производители содржи штетни хемикалии. Проблемот е во тоа што тие хемикалии во допир со кожата можат да предизвикаат рак, алергија, слабеење на имунитетот…
Виновник за ова е формалдехидот кој се користи при производството на текстил за стоката да изгледа свежо испеглана и за време на транспортот да не се истутка. Дел од него излегува со перењето, но не сосема, а освен во облеката, го има и во послетнината, душеците за спиење…
„Гринпис“ објави список со 20 познати модни марки кои го користат формалдехидот, но и други штетни супстанци кои ги загрозуваат околината и здравјето на луѓето.
На крајот на минатата година Згружението ги објави резултатите од истражувањето за присуство на отрови во 141 парче облека од 29 земји.
Во две третини од предметите за облекување, а трагедијата да е поголема, и во детската облека, се откриени супстанци кои можат да предизвикаат рак и хормонални нарушувања.
Еве ги модните марки врз кои се вршени истражувања: Giorgio Armani, Benetton, C&A, Calvin Klein, Diesel, Esprit, Gap, H&M, Jack&Jones, Levi’s, Mango, Marks&Spencer, Meters/bonwe, Only, Tommy Hilfinger, Vancl, Vero Moda, Victoria’s Secret, Zara.
Од овие производители „Гринпис“ побара до 2020 година да престанат со производство на опасни хемикалии. До тогаш, внимавајте што купувате, посебно ако облеката има лепенка „made in China“, затоа што таквата стока, главно, доаѓа од таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кејт и Дајана – модни близначки (видео)
-
Како да се облечете за Нова година: Девиците подалеку од жолто, Близнаците никако во сино
-
Распродажба: Жени во бурки од Саудиска Арабија се тепаат за облека (видео)
-
Облеката и среќата: Ако облечете нешто наопаку, следува изненадување, а носењето облека со точки носи богатство…