Ќе се менува и ликот на патарините
Патарините ќе добијат нов, модерен лик преку воведување електронска наплата. До крајот на 2013 година се очекува да биде потпишан договор со изведувач. Од Агенцијата за патишта велат дека има подобрување и позитивни промени откако управуваат со наплатните станици. Преземени се активности за подобро осветлување и сигнализација на патарините и работење на максимален број кабини и сообраќајни ленти за поголем проток на возила на секоја наплатна станица. Јавното претпријатие за државни патишта минатата година ја заврши со поголем приход на наплата за 8,3 проценти или за 89.286 денари повеќе во однос на 2011 година. За оваа година, за првите седум месеци, приходите од наплата на патарината се зголемени за 17,2 проценти или за 108.000 денари повеќе во однос на првите седум месеци во 2012 година.
Реконструкција на делниците од Коридор 10
Во тек се активности за ремонт на три железнички делници на Коридор 10 во вкупна должина од околу 60 километри. Станува збор за инвестиција од 17,6 милиони евра, со која целосно се обновуваат делниците Табановце – Куманово, Миравци – Смоквица и Ногаевци – Неготино. На првите две делници градежните активности почнаа лани во октомври и се очекува до крајот на септември годинава тие да бидат завршени и да бидат пуштени во сообраќај.
Реконструкцијата на делницата Ногаевци – Неготино, во должина од 28 километри, чини 9,5 милиони евра. Градежните работи се предвидува да почнат до октомври и да завршат во рок од 12 месеци. Проектот предвидува замена на старите и дотрајани дрвени прагови со нови армиранобетонски, замена на шини и колосечниот прибор, поставување дренажа по должината на пругата, односно подобрување на параметрите на горниот и на долниот строј од пругата на трите делници.
Дел од патиштата што се реконструираат
Ангелци – Вељуса – Водоча – Баница
Радовиш – Конче – Лубница
Кавадарци – Мушов Гроб
Струга – Дебар
Арачиново – Никуштак – Ропалце
Гарски Мост – Бошков Мост
Тетово – Јажинце и до населбата Сончев Град
Идниот месец ќе се приберат понудите за изградба и реконструкција на делницата од Куманово до Бељаковце, со што ќе почне проектот за железничко поврзување со Бугарија.
– Крајниот рок за доставување на понудите за изградба и реконструкција на делницата од Куманово до Бељаковце е 16 септември оваа година, по што ќе следува постапка за нивна процена, а потоа ќе се склучи договор меѓу „МЖ Инфраструктура“ и прворангираната компанија. Во фазата на претквалификација, од 16 компании што доставија понуди, девет ги исполнија условите – изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Тој објасни дека за оваа делница, која е со должина од 30 километри, комплетно е завршена изработката на основните проекти. Обезбеден е грант од еден милион евра, додека парите за градежните работи се обезбедени од ЕБОР, во висина од преку 46 милиони евра.
Министерот вели дека градежните активности на делницата опфаќаат реконструкција на постојната пруга преку подобрување на техничките карактеристики, замена на старите и дотраени прагови и шини со нови, поправање на лежиштата и обновување на изолацијата. Потоа, ќе се изгради нов мост во месноста Лопате и ќе се обноват постојните мостови, а ќе бидат инсталирани и нови кабелски водови, огради и безбедносни бариери за заштита од врева и вибрации. Дополнително ќе се постават нови сигнално-сигурносни уреди и ќе се изградат три нови железнички станици, Куманово Ново, Шупљи Камен и Бељаковце, како и шест стојалишта во Лопате, Перо Чичо, Проевце, Доброшане, Клечовце и Довезанце, како и изградба на подвозници и надвозници.
Во однос на изградбата на железничкиот дел од Коридор 8 кон Албанија, Јанакиески вели дека идејниот проект, студијата за исплатливост и студијата за влијание врз животната средина се готови и почнати се постапките за избор на понудувач што ќе го подготви основниот проект со кој ќе се комплетира проектната документација.
– Парите се обезбедени од европски фондови, во висина од 8 милиони евра. Очекувам проектот да биде готов до крајот на 2015 година и, конечно, да се дојде до еден зрел проект што во иднина ќе може да се реализира со инвестиции во градежните активности за оваа делница, која е долга повеќе од 60 километри – изјави Јанакиески.
Модернизација на железничките станици
Железничката станица во Скопје ќе добие модерен лик. Најдоцна до јануари ќе почне нејзината реконструкција. Ќе се подобруваат и условите на десет железнички станици низ Македонија. Нов лик треба да добијат и станиците во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и во Неготино-Вардар. Градежните активности за модернизацијата треба да почнат следната година, а да завршат до 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст