Јавен повик за обновување на автопатот Велес – Катланово, во должина од 23,5 километри, е објавен на официјалната страницаа на Европската унија, што е дел од компонентата на ИПА за регионален развој во делот на транспортот, јавува „Телеграф“.
Рокот за поднесување на понудите е втори декември годинава, а периодот за изведба на градежните работи е една година.
Градежните работи ќе опфаќаат активности за целосно обновување на асфалтот по целата должина од делницата, поставување нови банкини и заштитници, поставување нова, современа хоризонтална и вертикална сигнализација, мрежи за заштита од одрони, како и рехабилитација на дренажите за атмосферска и за подземна вода, информираат од Министерството за транспорт и за врски.
Во следните денови ќе биде објавен јавен повик за избор на компанија, која ќе го врши надзорот на градежните работи.
Минатата година беше рехабилитиран автопатот на правецот Катланово – Велес. Се изврши реконструкција што опфати обновување на асфалтот, поставување современа хоризонтална сигнализација, изработка на целосно нови банкини, мрежа за заштита од одрони и поставување на повеќе од 230 знаци во вертикалната сигнализација по целата должина на делницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


