| четврток, 6 декември 2018 |

Бекам и Рамзи отвораат ресторан: во „Унион стрит кафе“ за 16 септември резервирале 1.200 луѓе

Ресторанот на Дејвид Бекам и прочуениот готвач Гордон Рамзи сè уште не е отворен, а 1.200 луѓе веќе резервираа маса. Бројот на заинтересираните гости секој час се зголемува.

„Унион стрит кафе“ е заеднички ресторан на Дејвид Бекам и Гордон Рамзи, а ќе се отвори на 16 септември во Лондон.

Во ресторанот ќе се служи медитеранска храна што ќе се приготвува во отворена кујна како на театарска сцена, па гостите ќе можат да ги гледаат готвачите на дело.

mkd-71810

И самиот Рамзи е изненаден од неверојатната бројка на резервации во сè уште неотворениот ресторан, покрај широката понуда на фантастични ресторани што ги има Лондон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top