Врската е воспоставена во 1963 година само за писмени комуникации. Децении подоцна е додадена и гласовната компонента. „Црвената линија“ е отворена по кубанската криза во 1962 година за да се избегне војна. Првата порака пратена преку неа е познатиот текст: „Брзата кафеава лисица го прескокна грбот на мрзеливото куче 1234567890“. До 1990 година претседателите ја искористиле црвената линија над 15 пати. Во 90-тите години Џорџ Буш ги замени писмените пораки со телефонски разговори, кои со времето стануваат префериран начин за комуникација меѓу претседателите на Русија и на САД. Барак Обама и Владимир Путин последен пат преку ова линија разговараа во март кога Обама му се јавил на Путин за да ја поздрави соработката на Русија во напорите на меѓународната заедница да се справи со иранските нуклеарни амбиции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


