Сами да ја нападнеме сиријската влада не е она што претседателот Барак Обама го посакува, изјави американскиот државен секретар Чак Хејгел.
Ден порано, најблискиот сојузник, Велика Британија, излезе од коалицијата. Состанокот на Советот за безбедност на ОН по прашањето за Сирија заврши во ќор-сокак, а во Конгресот на САД сѐ уште се преговара за двоумењата за евентуален напад.
Скептиците се повикуваат на ситуацијата со Ирак кога Владата на САД под претседателот Џорџ Буш маршираше во војна врз основа на „тенки“ тврдења дека поранешниот диктатор Садам Хусеин беше поврзуван со складирања оружје за масовно уништување.
Противниците се повикуваат на можно повторување на истото сценарио во Сирија.
Откако Британија во четвртокот гласаше против воена интервенција, анонимни американски официјални лица за „Си-Ен-Ен“ изјавуваат дека е можен и поединечен напад.
– Нас нѐ интересира што тие мислат. Го следиме процесот. Но, ќе донесеме одлука каква што сметаме дека е потребна – изјавиле лицата.
– Соединетите Американски Држави ги почитуваат резултатите. Секоја нација е одговорна за своите одлуки – изјави Хегел.
САД ќе продолжат да се консултираат со британскиот парламент и се надеваат на меѓународна соработка.
– Нашиот пристап е да се продолжи со барањата за меѓународна соработка според која ќе дејствуваме заедно – вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


