Ферги и Џош Духамел станаа родители на момче. 40-годишниот актер и 38-годишната пејачка ја потврдија веста за породувањето и открија дека малото бебе го добило името Аксел Џек Духамел.
Не беше тајна дека Ферги и Џош долго време се обидуваа да добијат дете.
– Тој ќе биде неверојатен татко. Има природни родителски инстинкти – изјави пејачката од „Блек ај пис“.
Во изминативе неколку седмици Ферги присуствуваше на неколку забави организирани по повод претстојното раѓање на нејзиното прво дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


