| четврток, 6 декември 2018 |

Русија и САД трупаат бродови во Медитеранот

sirija mapa brodovi

Спротивставените страни во кризата во Сирија почнаа да се групираат и да трупаат сили во Медитеранот.

Додека САД и Британија ги подготвуваат бродовите за напад на позициите на претседателот Башар ал Асад, Русија испрати два воени бродови. Руските власти демантираат дека бродовите се таму поради кризата, а објаснувањето е дека станува збор за долгопланирана ротација на бродови во регионот.

ruski brodovi

Министерството за одбрана на Британија соопшти дека се испратени на Кипар шест воени авиони од типот РАФ Тајфун за да ја бранат британската база.

– Авионите не се испратени за да учествуваат во воените напади нa Сирија – се вели во соопштението на британското министерство.

Америка веќе неколку дена има стационирано четири воени брода во близина на брегот на Сирија, а од вчера им се приклучи и петти крстосувач.

uss brodovi sirija

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top