Директорот на елитното училиште „Лундсбергс“ во Шведска е отпуштен заедно со целиот училиштен одбор поради голем скандал кој го потресе училиштето. Според весникот „Локал“, двајца ученици биле горени со железо, а училиштето е привремено затворено откако претходно биле откриени уште неколку случаи на физичко и сексуално злоупотребување кои, наводно, се вршеле со знаење на управата на училиштето.
За нападот на двата ученика на возраст од 14 и 15 години се осомничени девет ученици кои се избркани од училиштето. Ова е само еден од низата скандали што го потресе ова училиште.
Пред неколку месеци беше откриено како ученици биле терани од постари соученици на орален секс, но и да јадат измет.
Училишето во Лундберг е основано во 1896 година, а во него се школувале и помладиот син на шведскиот крал Карло Шеснаесетти Густав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шведскиот Парламент не ја изгласа предложената коалициска малцинска влада
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Професорка уапсена за инцест, ученик ја препознал на „Порнхаб“
-
Босна ја тресе скандал: Функционер претепа жена на паркинг (видео)