Двајца високи литвански дипломати се сменети од функциите откако биле тајно снимени нивни телефонски разговори во кои ја критикуваат претседателката на Литванија и ја навредувале земјата во која биле на служба. Скандалозниот разговор бил објавен на Јутјуб.
Амабасадорот на Литванија во Азербејџан Арунас Зраускас и амбасадорот во Унгарија Неријус Јуска ќе бидат повлечени од должност на 30 септември, соопштија од канцеларијата на претседателката Далија Грибаускајте.
На интернет каналот Јутјуб биле поставени четири спорни разговори.На овие сминики амбасадорите ја критикуваат и се шегуваат на сметка на претседателката дека на официјални патувања користела нискобуџетни авиокомпании. Не е познато кој ги снимил и ги поставил на интернет, а министерството за надворешни на Литванија отвори истрга за случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.