За прв пат во историјата научниците докажале дека вечната љубов не е мит.
Постигнувањето е дело на психолозите Бјанка Асеведо и Артур Арон од универзитетот во Њујорк. Тие успеале да ја побијат теоријата дека љубовта меѓу две лица трае три години. Според нив, сосема е можно стравот и трепетот да останат засекогаш, токму какви што биле за време на меден месец.
За да ја докажат можноста на вечната љубов, истражувачите изнајмиле група од 17 лица – мажи и жени кои имаат брак повеќе од 20 години. Со помош на магнетна резонанца научниците споредиле податоците со млади вљубени парови.
Резултатите покажале дека кога ја погледнувале фотографијата на својата сопруга или сопруг, кај учесниците се активирале истите области од мозокот, исто како кај младите вљубени кои имале врска од неодамна. Освен тоа, мозокот им произведува апсолутно истото количество допамин, исто така познат како “хормонот на љубовта и среќата”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


