ж
Азербејџанскиот олигарх Телман Исмаилов (56) за кои неколку руски и азербејџански медиуми објавија дека е новата љубов на италијанската убавица Моника Белучи имал имиџ на женскар. Претседателот на фудбалскиот клуб Беитар од Ерусалим во 2006 година и платил половина милион евра на Џенифер Лопез за да му пее на роденденот, а како благодарност и подарил златен микрофон украсен со брилијанти. Освен неа, со милиони евра ја почестил и Мараја Кери, а на неговите раскошни забави присуствувале и Шерон Стоун Парис Хилтон и Ричард Гир.
Белучи и милијардерот се запознале во 2009 година во Турција за време на отворањето на луксузен хотел во комплекс во негова сопственост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.