
24 годишна македонска државјанка паднала во кома во Италија откако пристигнала од Македонија заболена од менингитис, пишуват италијанските медиуми.
Според медиумите,жената пристигнала во Видор, Италија на 25 овој месец со автобус, а имала престојувалиште во Валдобиадене. Била хоспитализирана деновиве, а бактеријата и била установена денеска.
Италијанските власти издадоа предупредување до граѓаните кои биле во контакт со неа веднаш да се обратат на лекар, но идентификувањето на лицата со кои се сретнала е тешко затоа што не е познато каде се престојувала и со каков транспорт се возела низ Италија.
Идентитетот на девојката не е соопштен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


